На 17 ноември на сцената на Македонската опера и балет ќе се одржи Светската Премиерата на балетскиот спектакл „Клеопатра“, со кој нашата Примабалерина Александра Мијалкова ќе одбележи значаен јубилеј, 25 Години уметничка дејност.
По тој повод денеска целата екипа која работи на овој грандиозен проект имаше средба со новинарите со цел да се претстави спектаклот со речиси 300 луѓе на сцена. Покрај Примабалерината Мијалкова и раководителите на МОБ, директорот Игор Дурловски и уметничкоит раководител на балетот, Олга Панго, присуствуваше и авторската екипа на овој значен проект: кореографот Василиј Медведев (Русија), асс. кореографот Станислав Фечо (Словачка), композитор e Нериа Голдберг (Литванија) и Бобан Ковачевски.
-Чест ми е што мојата кариера ќе ја крунисам со ликот на Клеопатра, последната кралица на Египет, бидејќи нејзината женственост и убавина беа предизвик за мене како уметник да ги изразам мојата индивидуалност, креативност и танчарски сензибилитет, рече Мијаклова на конференцијата.
Игор Дурловски и Олга Панго од МОБ ја најавија претставата како спектакл за кој веќе првите две претстави се распродадени, а најавија и една во декември поради интересирањето на публиката.
Со оркестарот ќе диригира Александр Анисимов од Белорусија, на сцената ќе има околу 300 танчери, а Павол Јурас изготвил 400 оригинални костими.
Улогат на Цезар ја толкува Васил Чичијашвили (Грузија), Марк Антони е Бобан Ковачевски, Октавија- Марија Кичевска Шокаровска, Змија- Мими Поп Алексoва Атанасовска, Октавијан- Киро Павлов, Аполодор- Дојчин Дочев (Бугарија).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.