| четврток, 6 декември 2018 |

Осумнаесетгодишно момче повредено во Топанско

pistol vo rakaОсумнаесетгодишно момче било застрелано и повредено вчера вечер во скопската населба Топанско. Според МВР инцидентот се случил на улицата „Методија Митевски“ околу 21 часот вечерта кога неколку непознати лица пукале во А.Ј. Тој бил погоден во пределот на левата потколеница. Веднаш бил префрлен на Ургентниот центар каде му била укажана помош. Повредениот не е во животна опасност, а полицијата работи на случајот и трага по напаѓачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top