И ВМРО–ДПМНЕ упати честитка по повод државниот и христијански празник Свети Климент Охридски.
-Денес е денот кога нашиот народ со огромна чест и задоволство го празнува делото на Светиот Климент Охридски. Светиот Климент не заостана зад своите учители, светите за нам Кирил и Методиј и го продолжи нивното духовно и хумано дело описменувајќи го народот. Делото на Светиот Климент Охридски е европски цивилизациски симбол. Неговото дело не е само наше духовно и културно богатство, туку е дел од темелите на европската цивилизација и култура. Денес се одбележува климентовата рамно апостолска дејност и можност да се афирмираат заедничките христијански и цивилизациски вредности на човекољубие, вербата во Бог и надеж во подобар и попросперитен свет, бидејќи тој е човекот кој е основачот на Охридската архиепископија како и основоположник на Охридската книжевна школа и творец на кирилското писмо. Универзалната големина на делото на Светиот Климент Охридски е долг кон него, но и аманет кон идните генерации да се почитува нашата традиција и духовно наследство, со кое сме го задолжиле светот. Наспроти нашата гордост и чест, исто така и наша обврска е да го сочуваме и величиме неговото дело, бидејќи тоа го направиле нашите предци, тоа ќе го направиме и ние, тоа ќе го прават и идните генерации. Нека е честит и вековит празникот!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)