Околу 2.000 евра штета претрпел Ш.Ш. (45) од селото Теново, откако непознати сторители изминатата ноќ провалиле во неговиот маркет во селото Радиовце, информира денеска портпаролот на СВР тетово, Марјан Јосифовски.
Според Јосифовски, грабежот се случил во периодот меѓу 20 часот и 30 минути и 7 часот утринава.
– Сторителите тешката кражба ја извршиле откако го скршиле катинарот од влезната врата, влегле во маркетот и одзеле 50 штеки цигари „Малборо“ и околу 3.000 денари во разни апоени. Вкупната материјална штета сопственикот ја проценува на околу 2.000 евра, рече Јосифовски.
Полицијата извршила увид, го фотодокументирала местото и за настанот го известила јавниот обвинител.
Ова е втора кражба во Радиовце за четири дена, откако во четвртокот ноќта, непознати сторители од куќа на лице што се занимавало со менување девизи украле околу 2.000 евра во накит Сваровски и поголема количина разни девизи и денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?