| четврток, 6 декември 2018 |

На Скупи ќе возиме на три коловозни ленти

momin-500

Екипите на Град Скопје изградија трета коловозна лента на улицата „Скупи“, пред вкрстувањето со булеварот „8 Септември“, со што се прошири крстосницата во должина од 200 метри.

Проширувањето, како што соопшти прес-службата на Град Скопје, е изведено на површина од околу 920 метри квадратни.

– На терен беа изведени рачни и машински ископи на земја, беше поставен тампонски слој од дробен камен, а потоа површината е асфалтирана со 395 тони асфалт. По должината на новата коловозна лента е формиран нов тротоар со површина од  400 метри квадратни, покриен со асфалт, информира Град Скопје.

За изградба на трета коловозна лента од буџетот на Град Скопје се издвоени околу 3,5 милиони денари, а работите ги изведоа екипите на ЈП „Улици и патишта“.

Со проширувањето на улицата „Скупи“, според Град Скопје, во голема мера е зголемена безбедноста на крстосницата и е овозможено непречено движење на возилата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top