| четврток, 6 декември 2018 |

Албанка го пробола сопругот за да избега со деверот

policia-tirane-1Албанката Ермира Џафери, мајка на две деца, поради афера со својот девер со нож го повредила својот сопруг. Во вечерните часови Ермира заедно со нејзиниот љубовник Александар Ахметај го нападнале Сајмир Џафери, нанесувајќи му 18 убоди со нож. Сајмир бил тешко повреден и во состојба на кома бил веднаш префрлен во подрачната болница во Фиер.

Од полиција потврдиле за немилиот настан со филмско сценарио и додале дека по нападот Ермира била спречена да избега од страна на членови на фамилијата, а нејзиниот соучесник Александар е уапсен од страна на полицијата во Ѓирокасра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top