Во воведниот збор, актерот Диме Коцевски посочи за значењето на навивачите кои со својата активност во саботите и неделите потсетуваат дека во градот сеуште постои спорт и спортски кулбови за кои вреди да се навива.
Трајче Еленов потсети на историјата и активностите на „Лозарите“ низ сите изминати 22 години од почетоците во 1991 година кога паралелно со осамостојувањето на Македонија тогашните кавадаречки клубови се бореа за пласман во најелитните македонски новоформирани лиги, а токму навивачката група со своето бодрење од источната трибина на градскикот стадион и тогаш единствената спортска сала „Партизан“ помогнаа градот да добие прволигаши во сите конкуренции.
Гостин на роденденската изложба на навивачите „Лозари“ беше и градоначалникот Александар Панов кој со пригодни зборови се обрати до бројните гости.
Панов подвлече дека спортската историја на Кавадарци во времето на ФК Тиквеш, КК Тиквеш-Орка, ЖКК Тиквеш Флорида, РК Тиквеш мажи и жени, е неминовно поврзана со навивачката група „Лозари“ , со нтрубите на популарните браќа Далтони, кои во времето пред дваесет години беа составен дел на кавадаречката спортска иконографија.
Градоначалникот го истакна и сегашниот голем удел на навивачите на натпреварите на КК „Фени Индустри“ и нивниот придонес во освојувањето на балканската круна како прва македонска екипа кој остварила меѓународен успех во клубска конкуренциј, на титулите во домашното првенство и националниот куп. Никако не пропушти меѓу другото да истакна дека токму „Лозари“ се оние кои го оддржаа фудбалскиот клуб ГФК Тиквеш во живот, откако по сериозните несогласувања со управата на клубот Општината реши да го прекине финансирањето на истиот.
Панов притоа не заборави посебно да ги пофали за сите хуманитарни и општо корисни акции при собирање на помош, крводсрителски акции какои и нивниот општествен ангажман во одбележувањето на значајни датуми и личности од револуцијата и општествениот живот.
За градоначалникот Панов токму навивачката група „Лозари“ е кариката која во овие моменти на самопронаоѓање на кавадаречкиот спорт ја одржува интересот за спортот и го дава основниот мотив за опстојување.
Патувањето низ времето кавадарчани можат да го проследат на близу сто фотографии израборени од повеќе генерации преку фотографиите оживуваат приказните и разбудените сеќавања продолжи со коктел забава на која градоналникот Панов заедно со претседателот на здружението на граѓани „Лозари“, Љупче Шошев и водачот на навивачите Ѓоке Поп Ангелков ја пресекоа роденденската торта.
Во оваа прилика повозрасните кавадарчани се потестуваат основачите на организираното спортско навивање во Кавадарци во седумдесеттите години од минатиот век кога ФК „Тиквеш“играше во втората фудбалска лига „Исток“ а црвено белата боја на кавадаречкиот спорт и кавадаречките навивачи се појавија и на насловната страна на најтиражниот спортски неделник на Балканот Темпо.
Кога се зборува за оваа навивачка група не може, а да не се спомента Дано Табакот, Перо Момчило, Тимчо Мурат, Бубо-Цацко, на Сачмо кои го изработи најголемото навивачко знаме во Македонија долго 100 метри, како и на сите оние кои низ годините ги бодреа кавадаречките спортисти.
Сепак тоа најдобро и најорганизирано го прават неколкутете генерации на навивачката група „Лозари“ од основањето во 1991 година до денеска. Честит роденден „Лозари“ опстојувајте како и досега и да посакаме сите заедно да се радуваме на многу нови и поголеми спортски успеси на кавадаречките екипи
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Митко Јанчев: Јас слушам „Металика“, не беше мој избор да пее Цеца во Кавадарци
-
Зоран Заев во Кавадарци: Грозјето не е од татко ми или дедо ми, мора да се цени трудот на лозарите
-
Кавадарци ќе добие унифицирани такси возила
-
Македонија ќе победи: Мисајловски, Јанушев и Трајановски го придружуваа Мицкоски на чело на поворката во Кавадарци (фото)