| четврток, 6 декември 2018 |

Словенец уплатил 2,2 евра, добил 21 милион евра

Money seized by German customs agency Zoll during anti-money laundering operation is displayed before agency's annual statistics news conference in Berlin

Словенец, чие име не е објавено, е главен добитник на првата награда од рекордни 21 милиони евра на големата лотарија Евроџекпот. Тикетот платен 2,20 евра е уплатен близу Љубљана. Среќниот добитник ќе мора да плати данок на добивка од 15%. Досега најголемата добивка во историјата на лотаријата во Словенија била 5 милиони евра во јануари 2012 година. Евроџекпот е меѓународна лотарија која се игра во 14 земји, а џек-пот досега се паднал 12 пати, и тоа 6 пати во Германија, два во Финска и по еднаш во Данска, Норвешка, Италија и сега Словенија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top