Мојата прва претстава со мојата гордост Александар. Мојот Велики. Првата претстава во новиот МНТ – напиша македонскиот актер Тони Михајловски на својот Фејсбук профил веднаш по завршувањето на „Вечна куќа“ – првата претстава во старо-новиот театар.
Тој вечера имаше повеќе причини да биде горд – една од нив е добро одиграната улога како адвокат кој се бореше да го врати имотот на еврејката која како дете успеала да ги преживее двата логори. Втората причина е онаа поголемата – првата улога на својот син, Александар, кој неодамна дипломираше на Факултетот за драмски уметности.
Александар Михајловски во еден дел од претставата го глумеше токму својот татко… Ликот на адвокатот во годините кога бил млад. Александар одлично се снајде во своето првенче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.