| четврток, 6 декември 2018 |

Извадена бомба во Белград, денеска ќе биде деактивирана

Фото: Танјуг

Фото: Танјуг

Бомбата е извадена малку пред 23 часот на градилиште во Белград. Работниците ја забележале бомбата рано утрото, а според експерти, датира од Втората светска војна. Авионската бомба е пронајдена на длабочина од шест метри и тежи околу еден тон. Според министерството за внатрешни работи, бомбата мора да се уништи поради видот на активирање, а акцијата за превоз и уништување ќе ја спроведат припадници на Министерството за одбрана и Управата за цивилна заштита. Бомбата е дел од наорожувањето на авионот „Хенкел 111“ и има еден страничен запалувач. Поради тоа што еден од ѕидовите на станбена зграда граничи директно со градилиштето, станарите биле евакуирани.

Градилиштето го посети и премиерот Ивица Дачиќ, кој повика на внимание и почитување на инструкциите што ги дава центарот за вонредни состојби, бидејќи бомбата има голема разорна моќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top