| четврток, 6 декември 2018 |

Реал Мадрид се враќа намуртен од Ла Мурта, третолигашот Сатива одигра 0-0 против „кралскиот“ клуб

Фудбалерите на Реал Мадрид се посрамотија во првиот меч од 1/16 финалето на шпанскиот куп, а ги понижи малиот клуб од Ла Мурта, Олимпик де Сатива. Иако беа апсолутни аутсајдери против најтрофејниот шпански клуб, фудбалерите од околината на Валенсија одиграа 0-0 против „кралскиот“ клуб.

Против третолигашот Реал стартуваше со комбиниран состав, но сепак на теренот во Ла Мурта истрчаа фудбалери од светска класа, од калибарот на Рамос, Ди Марија, Иско, Мората, Хесе Родригес, Арбелоа, Илјарименди, предводени од голманот Икер Касилјас. Во вториот дел во обид да се скрши отпорот на третолигашот Олимпик, во игра влегоа и Бензема, Модрич и Марсело, но и тоа не помогна да се избегне срамот и да се победи апсолутниот аутсајдер.

Сепак за Реал не е се загубено, има и втора шанса за поправен, во реванш мечот со истиот противник во Мадрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top