| четврток, 6 декември 2018 |

(Видео) Без Пандев не му оди на Наполи, Удинезе освои бод во Неапол (3-3)

Горан Пандев игра во врвна форма, повторно беше стрелец и тоа двапати за Наполи против Удинезе, но и тоа не беше доволно за победа. Наполитанците одиграа 3-3 на домашен терен, а потонаа, откако од игра во 74 минута излезе македонскиот интернационалец.

Napoli vs Udinese

Пандев стрелаше прецизно во кус период за само 180 секунди од 38 до 41 минута, а Наполи на двапати прокоцка предност од два гола. Домаќините водеа со 2-0 и 3-1, Пандев ја напушти играта при резултат 3-2 за Наполи, и на крајот Удинезе се радуваше на еден бод. Блерим Џемаили беше стрелец на третиот погодок за наполитанците, но упорните гости не дозволија пораз. Автогол си постигна Федерико Фернандес, потоа прецизен беше и Бруно Фернадес за Удинезе, а бод за гостите донесе Душан Баста со погодок во 80 минута.

Наполи остана на трета позиција со 15 одиграни натпревари и 32 бода. Пред него се лидерот Јувентус со 40 бода и ист број на мечеви, а Рома со натпревар помалку е второпласирана со 34 бода.


All Goals Napoli 3-3 Udinese (07-12-2013… by video4all

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top