| четврток, 6 декември 2018 |

Дачиќ и пеел на Ештон: „Опрости ми Катрин, можда нисам био фин“

dacic eston

Премиерот на Србија Ивица Дачиќ за време на бриселските преговори во обид да ја омекне напнатоста и ставот на Брисел кон Белград во врска со Косово, се фатил за микрофон и и запеал на посредничката во преговорите Кетрин Ештон, пишуваат српските медиуми.

– Опрости ми Катрин, можда нисам био фин, мада си ми била драга. Опрости ми Катрин све је сада само дим, нашој љубави ни трага, пеел премиерот во времето кога се кршеле копјата дали Србите ќе ја добијат Заедницата на српски општини.

 

Бароницата веднаш сфатила дека песната е за неа, но кога почнале да и ги преведуваат зборовите, таа била воодушевена. Потоа, наводно, атмосферата на вечерта станала целосно опуштена, тврди извор на Блиц кој бил дел од тимот на Србија.

Истиот извор наведува дека тоа не било единствениот пат кога Дачиќ и пеел на Ештон. Исто така и во еден белградски ресторан за време на нејзината последна посета во Србија, Дачиќ ги зел работите во свои раце.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top