| четврток, 6 декември 2018 |

Стоиљковиќ: Споменикот на Цар Душан ќе биде саниран во најкус рок

car dusan

Претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ, преку соопштение најави дека во најкус можен рок ќе биде санирана штетата над споменикот на Цар Душан, кој синоќа бил оштетен од група насилници при што остана без жезол.

 

– Штетата направена на споменикот ќе биде отстранета во најкус можен рок, а Цар Душан и понатаму ќе блеска на Мостот на цивилизациите, за ние, како лојални граѓани во нашата држава Македонија, да се чувствуваме како свои на своето. Вчера и денеска, на Мостот на цивилизациите, каде што на единствен начин се претставени великаните на сите народи и заедници во Република Македонија, на дело се покажа суштината на разликите во цивилизациите, нашата и нивната. Ги повикувам припадниците на Српската заедница во Македонија спокојно да продолжат и понатаму во својата секојдневна комуникација со сите народи во Репубика Македонија, да се однесуваат мирно  достоинствено и да не подлегнуваат на никакви провокации, согласно со културата и цивилизациското ниво на народот на кој му припаѓаат, стои во соопшението на Стоиљковиќ.

Според претседателот на ДПС, виновни за случувањата се дел од медиумите кои разгорувале меѓунационалната нетрпеливост за што најави дека ќе поднесе и жалби.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top