
СДСМ заткулисно подгрева тензии преку своите сателити низ медиумите и преку своите поддржувачи од редот на нивните дежурни партиски интелектуалци, а сега глуми загриженост и сериозност, се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
– СДСМ секојдневно продолжува со својата лицемерна политика и се обидува да спечали ситни политички поени на вакви тензични теми. Впрочем СДСМ и ништо друго не знае да работи. Нивните отворени поддржувачи низ медиумите и социјалните мрежи овие два дена провоцираат и подбуцнуваат продлабочување на тензиите, шират говор на омраза и повикуваат на насилство. Тоа не само што е неодговорно, туку е дрско и ниско. Не е прв пат СДСМ на ваков начин, лицемерно, од една страна да стимулира и подгрева тензии, а од друга страна да изигрува сериозна партија. ВМРО-ДПМНЕ го повикува СДСМ конечно да се вразуми и да разбере дека не смее на овој начин да провоцира тензии, се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


