| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ: Владата да каже дали споменикот на Цар Душан е поставен легално

sdsm

СДСМ побара од владата да каже кој го поставил споменикот на Цар Душан и дали легално е поставен.

 

–      Изразуваме загриженост за политиките на подделеност што ги стимулира власта на Никола Груевски, на што биле резултат и случувањата поврзани со споменикот на Цар Душан.Укажуваме дека оградувањето на Министерството за култура од поставувањето на споменикот на Цар Душан и молкот на институциите за тоа кој го поставил, остава простор за реакции со можни штетни последици. Наместо власта на Груевски да го пушта коалицискиот партнер Стоиљковиќ со говор на омраза да подгрева меѓуетнички тензиии, СДСМ категорично бара надлежните институции да излезат со конкретни информации за конкретниот случај, се вели во соопштението на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top