| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски ги слуша идеите на граѓаните

Манифестацијата „Ден на идеи“ која веќе неколку години се организира во Владата на Република Македонија, каде што граѓаните во директна комуникација со министрите ги кажуваат своите идеи, а потоа истите поединечно и детално се разгледуваат од стручни тимови и оваа година беше масовно посетена.

vlada-idei1

Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев соопшти дека сите предлози и идеи дадени од страна на граѓаните ќе бидат систематизирани, а понатаму ќе бидат процесуирани до соодветните министерства.

-Голем број од дадените идеи се преточуваат во конкретни проекти и понатаму се реализираат, изјави Ѓорѓиев.

Ѓорѓиев соопшти дека за овој ден се пријавени помеѓу 250 и 270 граѓани.

vlada-idei2

-И оваа година најголем интерес кај граѓаните е да поразговараат и разменат мислења со претседателот на владата, потоа со потпретседателите од економскиот систем, а интересно е што оваа година голем број граѓани се заинтересирани да разговараат за иноваторството и претприемништвото, рече владиниот портпарол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top