Фудбалската репрезетаација на Бразил има најголема пазарна вредност во конкуренција на сите 32 репрезетации што ќе учествуваат на светското првенство. Ова го утврдила консултантската куќа „Плури Консулторија“. Како наведува изворот репрезентацијата на „Кариоките“ вреди 507.8 милиони евра што е вредност на сите фудбалери кои ги има на располагање селекторот Луис Фелипе Сколари.
На второто место се наоѓа бранителот на светската титула Шпанија со вкупна вредност од 504 милиони евра. Третото место го зазема Германија со 475.2 милиони.
„Плури Консулторија“ наведува дека СП вреди преку шест милијарди евра собирајќи ги пазарните цени на сите 736 фудбалери кои ќе учествуваат на шампионатот.
Меѓу десетте репрезентации по цена се наоѓаат Белгија и Колумбија со 319 односно 218.6 милиони евра.
Во поединечна конкуренција Лионел Меси е најскап фудбалер кој на пазарот вреди околу 140 милиони, додека второто место го зазема капитенот на Португалската репрезентација Кристијано Роналдо со 104,2 милиони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



