| четврток, 6 декември 2018 |

Конкурс за стипендии за студирање во Словенија

Во тек е конкурс за доделување стипендии за изучување на словенечки јазик и студиско усовршување за македонски студенти во Република Словенија.

Се работи за две едносеместрални стипендии за студенти по словенечки јазик и 18 стипендии за студиско усовршување на високообразовните установи во Словенија, со поединечно траење од три до шест месеци, за кандидати до 30 години.

Како што информира денеска Министерството за образование и наука, заинтересираните треба да достават пријавa, копија од диплома заверена на нотар, копија од пасош, оригинална потврда, потпишана и заверена од страна на словенечка високообразовна институција за прием на студенти за размена, една препорака од домашната институција за размена на студенти и две препораки за размени за истражување на докторски студии.

Кандидатите треба да ги пополнат обрасците што се објавени на веб страницата на Министерството за образование и наука http://www.stipendii.mon.gov.mk и во три примероци да ги достават до Министерството, улица „Кирил и Методиј“ број 54, Скопје.

Крајниот рок за пријавување е 28 февруари 2014 година. Повеќе информации за стипендиите може да се добијат на страната на CMEPIUS-Центар за мобилност и европски програми за образование и обучување на Република Словенија
http://www.cmepius.si/bilateralne-stipendije.aspx.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top