Фудбалерите на Јувентус славеа на гостувањето кај екипата на Болоња со резултат 0-2 во првиот натпревар од 15. коло во Серија А.
Стрелци за Јувентус беа Видал во 13. и Киелини во 90. минута. Со овој триумф Јуве ја задржа лидерската позиција со 40 бодови, односно шест повеќе од РОма која во ова коло на домашен терен ја чека Фиорентина.
Лоша вест за Јувентурс би можела да биде повредата на Мирко Вучиниќ, кој во првото полувреме беше заменет од Фернандо Љоренте.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


