Патниците на авионските линии во САД во текот на минатата година при редовни аеродромски безбедносни контроли од своите џебови испразниле, а потоа заборавиле монети во вредност од 500.000 долари, соопштија американските власти.
Американската Агенција за безбедност на сообраќајот (ТСА) соопшти денеска дека собрала 531.395 долари на безбедносните пунктови на американските аеродроми за време на буџетската 2012 година која заврши во септември.
Според „Вашингтон пост“ во извештајот поднесен до Конгресот, на Агенцијата наведе дека над 10.000 долари во ситно се заборавени на секој од 13-те најголеми американски аеродроми, како што се Атланта, Њујорк, Далас или Сан Франциско. Само од аеродромот во Мајами, од каде се патува за јужноафриканските земји, се собрани рекордни 39.613 долари.
Според законот, парите кои агенцијата ќе ги собере треба да се употребат за подобрување на безбедноста на цивилната авијација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)