| четврток, 6 декември 2018 |

Жаре Бербер плачеше во „Фарма“

Писмото од неговата сопруга Даниела и ќерката Тијана беше причината познатиот скопски бербер да пушти солза во реалното шоу кое се гледа низ целиот Балкан. Македонскиот учесник во „Фарма“, Жарко Богатинов попознат како Жаре Беребер, го фати носталгија по неговиот дом на 4. декември, ден кога неговата фамилија ја прославува семејната слава Пречиста Богородица.

Со оглед на тоа дека Жаре е на „Фарма“, Даниела и Тијана се обидоа и таму да го пренесат славјето, иако „фармерите“ ја преживуваат пеколната недела во која немаат храна.

Таква беше и славската трпеза, без храна само со погача. Откако го доби писмото во кое неговата сопруга му пишува дека ѝ е жал затоа што не може фармерите да ги угости со нивната домашна сарама и баклава но не се сомнева дека Жаре тоа ќе го надополни со песна и хумор, Жаре реагираше емотивно, како што и самиот рече како и секој нормален човек.

Освен славската атмосфера од Скопје, сопругата Даниела во писмото го информираше и за роденденското расположение на ќерката Тијана која што токму на таа слава прославувала роденден.

Жаре не можеше да ги сокрие солзите затоа што во тој момент се што посака е да биде со семејството во Скопје. Фармерите пак со кои што Жаре се дружи се обидоа да ја надополнат атмосферата пеејќи ја “Јовано Јованке”. И покрај тоа што и Един и Јелена беа дел од оваа каква – таква славеничка атмосфера, и двајцата на крајот признаа дека се чувствуваат виновни затоа што фармерите сега ја преживуваат пеколната недела односно неделата без храна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top