Џеј Ар Смит има извонреден дриблинг со кој ги крши противниците, а нова жртва на бекот на Њујорк никс беше Шон Ливингстон од Бруклин нетс. Никс го добија соседското дерби со 113-83, а, за среќа, по потегот на Смит глуждот на Ливингстон остана на место. Потег број два на Топ 5 листата од ноќешната програма во НБА. Врвот и првото место е за тимската акција на Мемфис гризлис, што со забивање ја заврши Џон Луер. Мемфис загуби со 81-101 од Лос Анџелес клиперс, а интересно е што само од дуелот меѓу Чикаго и Мајами хит што заврши со победа на Булс од 107-87, немаше ниту еден момент што заслужи место во Tоп 5.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


