| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: Македонските граѓани целосно се препознаваат во сфаќањето на слободата на Мандела

NelsonMandela_t750x550

Нелсон Мандела беше големиот борец за човекови права, борец против злото на апертхејдот. Во период на неслобода и неправда, тој беше инспирација не само за неговите сограѓани, туку и за многу слободољубиви поединци во целиот свет, се вели во телеграмата која ја напиша шефот на државата Ѓорѓи Иванов до претседателот на Јужноафриканската Република, Џејкоб Зума.

„Храбро, гласно и истрајно спротивставувајќи се на дискриминацијата и нетолеранцијата во својата земја, тој се стекна со голем углед и почит кај многу слободољубиви народи низ сите меридијани. Во трајно сеќавање ни остануваат неговите зборови „Да се биде слободен не значи само да се отфрлат синџирите, туку и да се живее со почитување и унапредување на слободата на другите“. Бидете уверени дека Република Македонија и македонските граѓани целосно се препознаваат во ова сфаќање на слободата“, вели во писмото македонскиот претседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top