Министерството за култура денеска во новиот објект на Македонскиот народен театар (МНТ) додели нови 11 решенија за национална пензија на истакнати уметници и автори, добитници на големи државни признанија. Годинава добитници се: архитектот Климе Коробар, Галена Куцуловска, кустот-историчар, писателите Халил Зендели, Санде Стојчевски, Џабир Ахмети, ликовните уметници Владимир Георгиевски и Ставре Димитров, диригентот Ивица Зориќ, актерот Благој Чоревски и поетите Михаил Ренџов и Веле Смилевски.
– Нема стабилна и перспективна иднина за државата без уметност и без култура. Вашиот труд и во иднина ќе остане на македоснката културна сцена како трајна вредност, фундамент за уметничките креации на младите творци, а вашите идеи ќе продолжат да живеат преку нивните дела – изјави министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска.
Министерството досега додели 48 национални пензии.
Во согласност со измените на Законот за култура од 1.1.2012 година, уметниците и другите стручни работници од областа на заштитата на културното наследство, кои се добитници на наградите „11 Октомври“, „Св. Климент Охридски“ и „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во културата или за животно дело, имаат право на месечен надомест од Министерството за култура во висина на разликата меѓу пензијата што ја остваруваат и највисоката пензија во Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Албанскиот театар добива комплетно нов лик – Реконструкцијата завршува до крајот на годинава
-
Министерката за култура се сретна со членовите на мисијата за мониторинг на УНЕСКО
-
Канческа-Милевска: Изнесување постизборна платформа од друга држава е државен удар
-
Канческа-Милевска: Потребни се заеднички ставови кога се работи за државни интереси