
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ синоќа одржа трибина во Дебар, на која беа презентирани сите мерки што ги презема Владата со цел подобрување на животот на граѓаните.
– Иако во Европа и во светот владееше должничка криза, ние го задржавме стабилен курсот на денарот, задолжувањето е на ниво од 33,3 проценти од БДП, а девизните резерви се над две милијарди евра. Според нашите процени, над 20.000 работни места се создадени благодарение на странските директни инвестиции, изјави синоќа на трибината Владимир Пешевски.
Исто така, вчера на трибината се обрати и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, за труд и социјална политика, Диме Спасов, како и министерот за земјоделство, шумарство и водостпанство, Љупчо Димовски.
Министерот Јанакиески се задржа на изградбата на стотици локални и регионални патишта во изминатите четири години, за проектите кои се во тек, како и за изградбата на автопатите Скопје – Штип и Кичево – Охрид кои ќе почнат со реализација во првиот квартал од идната година. Во однос на легализацијата на дивоградбите, тој упати апел до жителите на Дебар да ја забрзаат постапката со подготвка на елаборатите за кои Владата има дадено дополнителни олеснувања.
– Беа поднесени 363 илјади барања за легализација на дивоградби, а досега се легализирани преку 60 илјади. Апелирам до вас и до сите граѓани да го исползуваат рокот до јуни наредната година за да ги легализирате дивоградбите – рече Јанакиески.
Министрите Спасов и Димовски зборуваа за подобрувањето на правата на социјално ранливите групи, како и поволностите кои се нудат за развој на земјоделството во земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Никовски: Трошоците беа стрикно службени, донесов инвестиции од 83 милиони евра
-
Груевски: Декласифицирањето на субвенциите за странските компании ќе нанесе огромна штета и ја руши конкурентноста на државата
-
Се сомневам дека новата влада воопшто не сака странски инвестиции
-
Груевски: Стручни кадри од престижни светски универзитети СДСМ ги замени со несоодветни министри


