Со премиерата на „Вечната куќа“ в сабота официјално почнува репертоарот на Македонскиот народен театар (МНТ) во новиот објект. Освен трите премиери, на 7, 8 и на 9 декември, претставата ќе се игра уште девет пати во декември, а од јануари МНТ почнува со редовен репертоар.
Околу 150 луѓе беа вклучени во долгоочекуваната претстава, а од нив половина се актери. Интересно е што во претставата актерот Тони Михајловски првпат игра заедно со својот син Александар, а Васил Шишков го игра ликот на својот татко, бардот на македонското глумиште Ристо Шишков. Сите се согласни дека тоа е една од најпотресните сцени во претставата. В сабота ќе има спектакл на сцената во вистинска смисла на зборот. На премиерите ќе има гости од 40 театри од Европа. Пред премиерата разговаравме со Дејан Пројковски, режисерот на „Вечна куќа“. Тестот е на Јордан Плевнеш, кој по пауза од 30 години повторно се игра на сцената на Македонскиот народен театар (МНТ).
Мислите ли дека со премиерата ќе ја завршите одисејата на новата сцена на МНТ или, напротив, почнувате ново патување?
Пројковски: Мислам дека почнуваме ново патување. Ова го зборувам од позиција на уметнички директор. Сега МНТ има голема можност што треба да ја искористиме и да направиме сопствен театарски идентитет. Можностите што ги нуди сцената, условите во кои работиме. Најважна е позицијата од која сега ние можеме да го создаваме тој театарски универзум. Голема, клучна шанса ни е дадена да го пронајдеме својот театарски идентитет и да се профилираме како специфична национална театарска куќа. Соработниците од странство се воодушевени и шокирани од специфичноста на јазикот на претставата, колку е тој национален, наш, а колку го носи универзалното во себе. Мислам дека во таа насока треба да се движи МНТ и да се развива како космополитски театар. Имаме најавено повеќе од 40 гости од различни национални театри и фестивали, кои доаѓаат утре и во сите наредни премиери. В сабота ќе се отвори нов театарски дом во цела Европа. Луѓето од театрите од земји со големи традиции знаат што значи тоа и знаат колку е ретка можноста да се отвори една ваква зграда. Мислам дека и ансамблот ја носи таа енергија, сплотеност, којашто ја имаме сега во претставата. Сега доаѓа времето кога работите зависат од нас. Имаме технологија која нѐ става во десетте водечки театри во Европа. Следните години се годините кога првпат ќе имаме профилирано национален театар што е многу важно за сите нас. Важно е за националниот театар, но и за авангардниот театар.
Интервјуто со Дејан Пројковски може да го прочитате во новиот број на неделникот „Република“, кој излезе денеска, 6 декември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Бислимовски: РКЕ нуди четири цени на нафтените деровати, но трговците секогаш ја избираат највисоката
-
Тарик Филиповиќ: Жив актер на сцената сѐ уште е мамка за луѓето да доаѓаат во театар
-
Аница Добра, актерка: Навистина ја имам најдобрата професија на светот!