Пронајдена е досега најстарата човекова ДНК, стара повеќе од 400.000 години, во пештера длабока 13 метри под земјата во северна Шпанија. Научниците сметаат дека овој примерок може да ја крие тајната на нашето потекло. Првата анализа на овој древен генетски материјал донела повеќе прашања отколку одговори.
Оваа јама била откриена во 70-тите години од минатиот век, и од тогаш се проучуваат коските на 28 древни човечки суштества.
Сепак, сега првпат во ова наоѓалиште е пронајдена бутна коска стара 400.000 години, за која врз основа на обликот и големината се верува дека припаѓа на древен роднина на неандерталците. Тоа се смета за огромен успех, со оглед на тоа дека досега најстарата ДНК била стара само 100.000 години. Веста за ова научно достигнување е објавено во научниот магазин „Нејчер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.