Убедлива победа на кошаркарите на Работнички во мечот против Вардар Апаве. Осмата победа во Првата лига за Работнички беше извојувана со цели 38 поени разлика и резултат од 107:69.
Црна дамка на мечот во „Градски парк“ фрли тешката повреда на кошаркарот на Вардар Апаве, Жарко Ѓуриќ кој во 15. минута заработи скршеница на левиот скочен зглоб откако при еден шут згазна на ногата на Синиша Аврамовски.
Најефикасен на натпреварот беше Дарко Соколов со 27 поени
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.