| четврток, 6 декември 2018 |

Жена инвалид на граница криела девизи во градите

aerodrom

На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје е спречен обид за нелегално внесување на 24.000 швајцарски франци. Девизите се пронајдени вчера околу 17 часот кај патничка, која во инвалидска количка, придружувана од нејзиниот сопруг, пристигнала со лет од Цирих.

При царинскиот преглед, во рачната чанта и во градникот на патничката се пронајдени 36.000 швајцарски франци, за што таа нема никакви документи како доказ за потекло. Царината денеска информира дека согласно законот за девизи, на патничката и се вратени 12.000 франци колку што може да се внесе во државата, а останатите пари се привремени задржани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top