| четврток, 6 декември 2018 |

Заедница на српски општини – тема меѓу Белград и Приштина

srbija-kosovo-znameВо Брисел денеска ќе се одржи нова рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина, под покровителство на високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон, а една од главните теми ќе биде формирањето на Заедницата на српските општини.
Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави во пресрет на дијалогот дека очекува најмногу проблеми околу воспоставувањето на Основниот суд во северниот дел на Косовска Митровица бидејќи на тоа се противи приштинската страна бидејќи смета дека Србија на тој начин сака да создаде некоја посебна држава во држава.
На средбата ќе се разговара и за продолжението на примената на она што е содржано во бриселската спогодба, пред сѐ, во сферите на полицијата и правосудството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top