| четврток, 6 декември 2018 |

Прв пораз на ПСЖ

Zlatan-Ibrahimovic1

Најголемо изненадување во 16 коло од француското фудбалско првенство го направи тимот на Евиан совладувајќи го актуелниот шампион и лидер во шампионатот тимот на ПСЖ. Евиан со тоа му го нанесе првиот пораз на тимот од Париз во овој шампионат. „Светците“ потклекнаа дури во 16 коло на гостувањето кај Евиан со 2-0.
Се до 75 минута мрежите мируваа кога играчот на Евиан Н’Сикулу го доведе својот тим во водство од 1-0. Во продолжение од натпреварот ПСЖ испушти одлична шанса за да го израмни резултатот, но веднаш по тоа по еден контранапад Суогу го постави конечниот резултат.
И покрај поразот ПСЖ води на табелата со 37 бода еден повеќе од Лил и два од Монако.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top