Како што сакам јас да се почитува моето право како Македонец и да зборувам на својот мајчин македонски јазик, немам право да ги попречам моите сограѓани, кои се чувствуваат како Бугари јавно да го изразуваат тоа, вели поранешниот премиер и министер за одбрана, Владо Бучковски, во интервју за бугарската новинска агенција „Фокус“.
Бучковски вели дека бугарската популација во Македонија досега била злоупотребувана и искористена во дневно-политички теми.
– Отворени сме за соработка со сите граѓани и не ги делиме граѓаните според нивната етничка припадност. Сакаме да го вратиме граѓанскиот концепт и затоа се пофаливме дека во нашиот Централен одбор има наш сограѓанин кој се чувствува како Бугарин. Тоа е Ставре Темелковски и ние не го криеме тоа. Од друга страна, се гледа дека според дејствата, очекуваме да имаме сериозна поддршка од сите сограѓани кои чувствуваат дека во овој момент во Македонија се дискриминирани, а може во лицето на Алијансата за позитивна Македонија да најдат можност да се борат заедно со нас за граѓанскиот концепт и за почитувањето на правата на секој граѓанин – вели Бучковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.