| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Вработените во ЈП „Куманово паркинг“ веќе три месеци немаат земено плата

Во секоја општина каде СДСМ е на власт јавните претпријатија се  пренатрупани со долгови. Таков е случајот со Струмица, но за жал, таков е и случајот со Куманово, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Вработените во jавното претпријатие „Куманово паркинг“ веќе три  месеци немаат земено плата и се под константен притисок.  28 вработени со решенија и уште 12 лица под договор немаат земено  плата од месец август, а јавното претпријатие „Куманово паркинг“ веќе со  месеци се дави во долгови единствено поради недомаќинското работење на менаџерите и негрижата од страна на локалната самоуправа на чело со Дамјановски и СДСМ – вели координаторот на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Куманово, Мирослав Стојановски.

Да биде ситуацијата полоша, додаде тој, токму од месец август мнозинството од  СДСМ во Советот изгласа скандалозна одлука со која близу 3 милиони денари од ЈП „Куманово паркинг“ ги пренамени за ЈП „Куманово гас“.

Очигледно, бизнис интересите на Дамјановски и СДСМ се поважни од егзистенцијата на 40 семејства на вработените во Паркинг, сметаат од владеачката партија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top