| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешната македонска мисица стана пејачка (ВИДЕО)

jana stojanovska

Актерката, манекенка, водителка и поранешна мис на Македонија, Јана Стојановска, синоќа во Кинотека на Македонија ја промовираше нејзината прва песна и видеоспот.

„Још дуго“ е првата самостојна песна на Јана, која досега има издадено песни заедно со Сашко Костов, Горан Таневски од Мизар и други.

Последните, пак, нејзини улоги беа во филмовите „Скопје Ремикс“,„Како да не сум таму“ и „Соба со Пијано“.

Јана е ќерка на прерано починатиот македонски актер Ненад Стојановски и актерката и водителка Силвија Стојановска, а сестра на актерката и манекенка Ана Стојановска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top