| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбил банка, вратил долг па се пријавил во полиција

Еден Чех во Прага ограбил банка, а потоа се јавил во полицијата им рекол дека ќе оди само да ги врати долговите, а потоа сам ќе дојде да се пријави во полицијата, на крајот направил како што ветил.

Мажот бил без маска, стрпливо чекал во редот пред шалтерот во банка во Прага, а кога дошол на ред тој и предал ливче на службеничката на кое пишувало да му ги даде сите пари и дека во торбата има пиштол кој нема да се двоуми за да го употреби.

Тој мирно си заминал со неколку илјади евра, а десет минути подоцна се јавил во полиција да ја објасни причината зошто го извршил грабежот.

– Лоши луѓе го ограбиле, а добри му позајмиле пари. Рече дека не гледа причина зошто добрите луѓе да бидат оштетени поради лошите. Сакал да го врати долгот, а не нашол поинаков начин освен да ограби банка – рекол портпаролот на полицијата.

За грабеж на банка е предвидена казна затвор до десет години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top