| четврток, 6 декември 2018 |

Не вртете ја главата, тие се дел од нас, се одигра турнир во баскет на Специјалната олимпијада (видео)

Специјална олимпијада Македонија викендов ја одбележа европската кошаркарска недела за лица со попреченост, со организација на кошаркарски турнир во СЦ „Борис Трајковски“. Учествуваа околу 100 спортисти од повеќе градови во нашата земја, со мотото „Кошарка за сите“.

Јане Петровски, Синиша Аврамовски, Марјан Ѓуров и Никола Гоговчевски од Работнички, заедно со тренерите Панче Милевски и Сашо Тодоровски им подарија маица од клубот на најдобрите, а присутни беа и кошаркарите на Вардар Апаве, Жарко Ѓуриќ и Владимир Гајовиќ. Се обрати и претседателот на МКФ, Даниел Димевски, а испратена е силна порака.

– Не вртете ја главата, тие се дел од нас – велат спортистите и сите обични добронамерни луѓе.

Ова беше само еден од неколкуте настани организирани од Специјална олимпијада Македонија, а следниот е предвиден за денеска, кога на натпреварот од Еврокупот меѓу МЗТ Скопје и Банвит, кошаркарите од Специјалната олимпијада Македонија ќе излезат на теренот заедно со играчите на двете екипи, за заеднички поздрав.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top