| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца ранети во пукотница во училиште во САД- напаѓачот уапсен

Најмалку двајца се ранети во пукотница што се случи денеска во средно училиште во градот Тафт во Калифорнија. Според американските медиуми, полицијата го уапсила напаѓачот.

Инцидентот се случил околу 9 часот по локално време, а напаѓачот бил уапсен за 20 минути од почетокот на пукањето.

 

Портпаролот на шерифот во градот Тафт за агенцијата Асошиејтед прес соопштил дека уапсениот пиштолџија е студент.

 

Според првичните информации, едниот од ранетите бил полесно повреден, а другиот за кој се верува дека е студент бил со потешки повреди. За сега нема детали за неговата здравствена состојба. 

 

Во градот Тафт живеат 7.000 луѓе, а се наоѓа на околу 190 километри од Лос Анџелес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top