| четврток, 6 декември 2018 |

„Блиц“: Наскоро ќе биде уапсен наркобосот Дарко Шариќ

Специјалните екипи на српските служби за безбедност се на чекор од апсење на наркобосот Дарко Шариќ и се очекува тој да биде приведен до крајот на декември, објави белградскиот весник „Блиц“.

Весникот наведува дека тоа ќе биде досега најголема полициска операција против мрежата за илегална трговија во балканскиот регион.

Шариќ е обвинет за илегална трговија на тони кокаин од Јужна Америка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top