| четврток, 6 декември 2018 |

Ватикан одби да достави податоци до ОН за злоставувањето на деца

Ватикан одби на панел на Обединетите нации да му ги достави информациите за сексуалното злоставување на деца од страна на свештеници, до кои дојде Католичката црква во интерна истрага.

Ватикан посочи дека согласно неговата политиката, таквите случаи ги третира како  доверливи.

Одговарајќи на низа тешки прашања што ги постави Комитетот за правата на децата (ЦРЦ) на ОН, Ватикан соопшти дека нема да изнесе информации од својата интерна истрага за случаите за злоставување, доколку не добие барање од некоја држава или влада за соработка во судската постапка.

Панелот на ОН треба да се одржи во јануари 2014 година. Прашањата упатени до Ватикан имаа за цел да се процени до каде Католичката црква ја почитувала Конвенцијата на ОН за правата на децата од 1990 година, која ги гарантира сите човекови права на децата, а чиј потписник е и Ватикан.

Светата столица наведува дека интерните дисциплински постапки „не се отворени за јавност со цел да се заштитат сведоците, обвинетите и интегритетот на црквената постапка“, но и ги повикуваат жртвите да ги пријават злосторствата на државните власти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top