На селаните кои ја трпеа целата бучава од пукањето за време на снимањето „Фурија“, маката конечно им се исплати. Актерот Бред Пит на тивкото село кај Оксфорд му плати милион фунти, за да им се оддолжи за снимањето на новиот филм за Втората светска војна, чија премиера ќе биде следната година во ноември.
Пит на жителите им испрати лична порака на благодарност, продуцентите велат дека филмската екипа е воодушевена од гостопримството на село Ширбурн и неговите 103 жители. Членовите на тимот за време на снимањето често ги посетуваа тамошните ресторани и пабови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.