| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски и бугарски градоначалници и бизнисмени на регионална средба

Во Благоевград денеска ќе се одржи регионална средба на градоначалници и бизнисмени од Македонија и Бугарија на која ќе се разговара за регионалната соработка и поефикасното искористување на европските фондови за проекти
за пограничен локален развој.

На средбата од македонска страна најавено е присуство на градоначалниците од Штип, Кочани, Пробиштип и Делчево, како и на стопанственици кои ги развиваат своите бизниси во двете држави.
Средбата се одржува на покана на градоначалникот на Благоевград, Атанас Камбитов.

Од страна на македонско-бугарската стопанска комора веќе е иницирана идеја за одржување на редовни полугодишни бизнис и експо форуми. Организатор на првиот ваков форум ќе биде Штип, а иницијативата ќе биде претставена и на средбите на градоначалниците од Петрич и Ќустендил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top