| четврток, 6 декември 2018 |

На сцена… Како ќе изгледа „Вечната куќа“ во старо-новиот театар (фотогалерија)

Многу актери, ефекти какви што досега не сме гледале на сцената на македонските театри… В сабота, на 7 декември, спроти денот на македонските просветители светите Климент и Наум, ќе се одржи премиерата на претставата „Вечната куќа“ со која и официјално се отвора новиот објект на Македонскиот народен театар (МНТ). Претставата ја режира Дејан Пројковски, а текстот е на Јордан Плевнеш. Во претставата игра целиот ансамбл на МНТ, студенти на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) и на факултетот ЕСРА, а претставата се најавува како огромен спектакл за кој долго ќе се говори. Околу осумдесет актери ќе застанат на сцената.

Фото: Фејсбук

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top