Со натпреварот помеѓу Кристал Палас и Вест Хем беше отворено 14. коло во англиската Премиер лига.
Домаќините со минимална победа од 1-0 го совладаа Вест Хем, а со тоа побегнаа од последното место на табелата, барем до утре кога се играат и останатите натпревари. Стрелец на голот беше Мароканецот Маруан Шамак, кој минатото лето дојде од редовите на Арсенал.
Ова беше втора победа од последните три натпревари на Кристал Палас и сега се претпоследни со 10 освоени бода, два повеќе од последно пласираниот Сандерленд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Колкаво богатство поседуваат сопствениците на фудбалските тимови од Премиер лигата?
-
Голем скандал со местење откриен во Премиер лигата
-
Премиер лигата конечно ќе добие зимска пауза, но нема да стартува од следната сезона
-
Премиерлигашите потрошија рекордни 430 милиони фунти во зимскиот трансфер период


