Маж минал три дена во темна и влажна просторија се додека нуркачите не го пронашле додека трагале по телата на неговите колеги.
– Околу мене имаше само врева и мрак. Плачев и му се молев на Исус да ме спаси. Бев многу гладен, жеден и ми беше многу ладно. Само се молев да видам малку светло – раскажал Окене.
По 60 часа минати во воздушна дупка со големина до 1.5 метри, која ја создал превртениот брод на длабочина од 30 метри, Окене на сечие изненадување бил пронајден жив.
Поради престојот во толку мала просторија вдишал смртоносна доза на азот, па срцето немало да му издржи доколку самиот се обидел да доплива до површината. Тој морал следните два дена да ги мине под надзор на лекари.
Во оваа трагедија загинале вкупно 11 членови на екипажот.
– Ми кажаа дека сите загинале, а јас плачев бидејќи мислев дека само јас сум заробен во бродот – изјавил Окене.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Трагедија во Скопје: Маж пронајден мртов во куќа


