| четврток, 6 декември 2018 |

Јаја Туре најдобар играч на Африка за 2013 година

Фудбалерот на Манчестер Сити и на репрезентацијата на Брегот на Слоновата коска, Јаја Туре е добитник на наградата најдобар фудбалер на африканскиот континент за 2013 година во избор на Би-Би-Си.

30-годишниот фудбалер за првпат ја добива оваа награда, иако петта година по ред е номиниран.

Оваа година во конкуренција во завршницата покрај Јаја Туре беа уште: Пиер-Емерик Обамејанг, Виктор Мозес, Џон Оби Микел и Џонатан Питроипа.

Оваа сезона Јаја Туре не освои пехар, но игра во одлична форма во дресот на „граѓаните“ и во националната репрезентација.
Претходните години оваа награда ја освојуваа: 2012 година – Кристофер Катонго (Замбија); 2011 – Андре Ајев (Гана); 2010 – Асамоа Гиан (Гана); 2009 – Дидие Дрогба (Брегот на Слоновата Коска).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top