| четврток, 6 декември 2018 |

По 21 година брак, се разведуваат Анет Бенинг и Ворен Бити

Важеа за еден од најстабилните и најдолги холивудски бракови, а сега, по 21 година брак, актерите Анет Бенинг и Ворен Бити, наводно, се разведуваат.

Според гласините, несогласувањата во бракот почнале поради нивното трансексуално дете Стивен, кој е роден како Кетлин.

21-годишниот Стивен трансформацијата во маж ја почна во 2010 година, кога почна да зема хормонска терапија.

Додека неговата мајка, 55-годишната Анет Бенинг, го поддржа новиот идентитет на своето дете, таткото, 76-годишниот Ворен Бити, има сериозни тешкотии со прифаќање на овие промени, вели извор близок до двојката.

–  Ворен не ја разбира трансексуалноста и тоа е она што создаде јаз во бракот – тврди изворот додавајќи дека иако Ворен и Анет сѐ уште се сакаат еден со друг, нивните пријатели веруваат дека разводот е следниот чекор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top