Кинеската валута јуан во октомври го надмина еврото и стана втора најкористена валута во светот за финансирање на тргувањата.
Јуанот сега се наоѓа на второ место, зад доларот, кој останува главна валута при финансирање на тргувањето со удел од 81,08 отсто.
Како што објави агенцијата SWIFT, уделот на јуанот во финансирање на тргувањата во октомври оваа година порасна на 8,6 отсто.
Во јануари минатата година, уделот на кинеската национална валута во финансирање на тргувањето бил само 1,89 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


