НУ Турски театар ќе ја изведе премиерата на детската претстава „Ќелавото момче и волшебниот печат“. Драматизацијата и режијата е на Срѓан Јаникијевиќ, а претставата ќе се одигра во 14 часот.
Преводот на турски јазик е дело на Салаетин Билал, сценографија и костимографија – Кире Василев, музика – Игор Василев. Улогите ги толкуваат Тамер Ибрахим, Несрин Таир, Неат Али, Фунда Ибрахим, Ријад Тахир и други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


