| четврток, 6 декември 2018 |

Во што се подобри жените, а во што мажите?

Жените ова го знаат веќе со генерации, а нивните теории конечно се потврдени и научно. Всушност, научниците откриле дека женскиот мозок е подобро прилагоден вршење на повеќе задачи одеднаш ( т.н. „мултитаскинг“).

Машкиот мозок, пак, е подобар во концентрација на поединечна, комплексна задача, без оглед на тоа дали тоа е читање на мапа или готвење.

Научниците во студијата, објавена во Зборникот на Националната академија на наукитево САД, ја испитувале работата на мозокот на 949 млади мажи и жени во најголемата студија од овој тип. Со користење на магнетна резонанца, ја одбележани поврзаноста помеѓу различните делови на мозокот.

Female brain

Истражувањето покажа дека жените имаат многу подобро поврзување на левата и десната страна на мозокот, додека кај мажите активноста е поизразена во одредени делови, особено на малиот мозок, кој ги контролира моторните вештини.

Мажите исто така имаат подобро поврзување на предната и задната страна на мозокот што им овозможува брзо да ги перципираат информациите и да ги употребат за извршување на комплексни задачи. Ова значи дека мажите се подобри во, на пример, учењето на пливање или паркингот.

– Истражувањата покажуваат дека жените, ако им се даде задача што вклучува логично и интуитивно размислување, тоа ќе работата ќе ја завршат подобро – вели водечкиот истражувач, вели д-р Реџина Верма , додавајќи – Но, ако добиете задача која мора да ја извршите одма, тука мажите ќе бидат подобри.

Верма, исто така, рече дека разликите стануваат поизразени после пубертетот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top